Снежно невреме го зафати Балканот

Белград е во сообраќаен колапс, а снежно невреме ја зафати и Босна и Херцеговина. Сите товарни возила кои немаат соодветна зимска опрема полицијата ги исклучува од сообраќај. На повисоките планински предели заради замрзнати патишта сообраќајот е отежнат, а на сила е забрана за сообраќај за товарни возила со приколки и за шлепери.
Фреквенцијата на возила на граничните премини е зголемена и се чека до 30 минути.
Како последица на силниот ветер и снежните врнежи жителите на 20-на села во општина Источно Сараево од утрово се без електрична енергија заради прекин на далновод. На поширокото подрачје на областа Романија во текот на ноќта паднаа околу 13 сантиметри нов снег, што доведе до метеж во сообраќајот.
Силна бура со ветер со брзина и до 100 километри на час го зафати Сплит, па морскиот сообраќај прекинат. Утрово пожарникарите имале десетина интервенции за отстранување на паднати дрвја, а паѓале и ролетни и разни предмети од терасите, пренесува „Далмација данас“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.