Снемавте јајца, а неопходни ви се за рецепт? Овие намирници можат да послужат како замена

Иако полиците во сечија кујна овие денови се подобро опремени со намирници од кога и да е, сепак во САД трговијата со количините јајца кои што може да ги купи поединец е ограничена.
Поради глобалната здравствена криза, во светот нагло порасна продажбата на јајцата, а само во САД надминати се редовните продажби со рекордни 200 отсто, пишуваат од „FOX News“.
Поради големата побарувачка опаднала и цената на јајцата. Без оглед на тоа што ситуацијата е таква, постојат намирници врз чија основа може да ги замените јајцата.
Готвачката Ребека Странд е една од најпознатите готвачки во Чикаго.
Таа вели:


„Мојата омилена замена кога ќе снемам јајца, верувале или не е минералната вода. Количина од ¼ шолја ќе замени едно јајце. И сода бикарбона може да помогне, но поради аромата таа ќе влијае на вкусот на самото јадење кое што го приготвувате“ – вели Странд.
Таа исто така советувала и други алтернативни намирници, како јогурт, сос од јаболко, згмечена банана…
„Доколку пак немате ништо од тоа дома, тогаш може да ставите две лажици прашок за печиво наместо едно јајце“ – советувала таа.
За да избегнете во текот на изолацијата во домот да ви недостасуваат намирници кои што ви се потребни, Странд советува вашиот дом да го опремите доволно со намирници кои што имаат подолг рок на траење – компири, лук, житарки, ориз…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.