СНИМИЛ СЕЛФИ СО ТРУДНАТА ЖЕНА ПА ЈА ТУРНАЛ ОД КАПРА: Епилог од злосторството што го шокираше светот, убиецот осуден на доживотен затвор

МАЖ од Турција кој ја турнал сопругата од карпа и ја убил во 2018 година за да може да ја наплати нејзината полиса за животно осигурување, осуден е на доживотен затвор. Жената била бремена во седмиот месец.

СНИМИЛ СЕЛФИ СО ТРУДНАТА ЖЕНА ПА ЈА ТУРНАЛ ОД КАПРА: Епилог од злосторството што го шокираше светот, убиецот осуден на доживотен затвор

Во јуни 2018 година, Хакан Ајсал (40) ја турнал својата сопруга Семра (32) од карпа висока 300 метри додека биле на одмор во долината на пеперутките, провинцијата Мугла.

Ајсал ја намамил сопругата која се плашела од височина до работ на карпата и направил селфи со неа, по што ја турнал. Тој тврдел дека нејзиниот пад бил несреќен случај, но сепак се обидел да земе полиса за животно осигурување од околу 40.000 евра.

Сè станало сомнително за полицијата бидејќи мажот барал исплата само неколку дена по смртта на жената.

Ајсал, кој првично го негираше убиството, подоцна се обиде да поднесе жалба на казната, тврдејќи дека е луд, но оттогаш лекарите го прогласија за здрав.

Мојата сопруга направи селфи и го стави мобилниот телефон во чантата. Подоцна ме замоли да и го дадам телефонот. Станав да си ја земам чантата и слушнав жена како вреска. Кога се свртев, ја немаше – тврдел мажот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.