На снимката што ја објави руската државна телевизија се гледа како пожарникарите се борат со пожарот во рафинеријата за нафта која го запре производството во средата. Властите тврдат дека пожарот бил изгаснат.

На социјалните мрежи се шири видео на кое наводно се гледа напад од украински камиказе дрон на големо складиште за нафта во Русија, пренесува Гардијан.
На снимката се гледа како дронот лета ниско кон рафинерија за нафта во руската област Ростов, која граничи со Украина. Киев се уште не се огласил за овој настан.
„Дали мислите дека е украински? праша еден. „Се разбира дека не“, одговори друг. „Каде отиде? додаде тој, додека дронот исчезна од погледот.
Неколку моменти подоцна голема експлозија ја потресе рафинеријата.
На снимката што ја објави руската државна телевизија се гледа како пожарникарите се борат со пожарот во рафинеријата за нафта која го запре производството во средата. Властите тврдат дека пожарот бил изгаснат.
Се чини дека го потврдил инцидентот и гувернерот на руската Ростовска област, Василиј Голубев, пишувајќи дека фрагменти од два дрона биле пронајдени во областа на нафтената рафинерија Новошахтинск, каде што во средата наутро избувнал голем пожар.
Пронајдете не на следниве мрежи:


