Соборени два од три дрона лансирани ноќеска од Русија, соопшти Киев


Инаку, ноќта, како што пренесува Ројтерс, била релативна тивка во Украина по серијата жестоки напади врз енергетската инфраструктура на земјата кои Русија ги изврши пред повеќе од една недела

Украинската противвоздушна обрана соборила две од три беспилотни летала „Шахед“, кои ноќеска биле лансирани од Русија, соопшти утрово официјален Киев. 

Лансирање дрон (Илустративна фотографија) / Фото: Архива

Од Генералштабот на украинската војска во извештајот објавен на социјалната мрежа Фејсбук не соопштуваат повеќе детали за нападот, поради што останува нејасно дали еден од дроновите ја погодил целта.  

Инаку, ноќта, како што пренесува Ројтерс, била релативна тивка во Украина по серијата жестоки напади врз енергетската инфраструктура на земјата кои Русија ги изврши пред повеќе од една недела.  

На 22 март, руските сили го изведоа најголемиот удар на енергетската инфраструктура на земјата од почетокот на инваазијата врз Украина на 24 февруари 2022 година. Нападите предизвикаа големи штети и резултираа со големи прекини во снабдувањето со електрична енергија ширум Украина. 

Минатата недела Русија продолжи да ги гаѓа термо и хидроцентралните во Украина, користејќи беспилотни летала и кростосувачки ракети.  

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: