Собранието со потпис на претседателот Африм Гаши тргна во поход да го промени логото на законодавниот дом. Препознатливото лого со зградата на Собранието ќе замине во историјата, а на негово место, според спецификацијата треба да има „уникатно и модерно. Во членот 2 став 3 од огласот се вели: „Логото треба да содржи графички елемент и целосен текст на називот на собранието на македонски јазик и неговото кирилско писмо, на албански јазик и неговото писмо и на англиски јазик и неговото писмо“.
Секој учесник на конкурсот, се додава во огласот, има право да поднесе најмногу три идејни решенија за логото на Собранието. Предлозите што ќе пристигнат во Собранието ќе ги разгледува посебна комисија формирана од претседателот на Собранието. Рокот за доставување предлози е 45 дена од денот на објавувањето на Јавниот конкурс.
„Јавниот конкурс за изработка на заштитен знак е со цел законодавниот дом да го модернизира и изедначи својот институционален и визуелен идентитет преку изработка на заштитен знак, кој треба да ги одразува националните вредности и вредностите, мисијата и визијата на институцијата. Дизајнот на логото треба да биде уникатен и неупотребуван досега“, се наведува во соопштението на собраниската прес-служба.
На социјалните мрежи започнаа и шегите на сметка на пратениците и законодавниот дом. Па така, еден од јавните предлози е логото со зградата на Собранието да се замени со илустрација на патарните – поради патните трошоци кои ги земаат пратениците.
The post Собранието го менува логото, им предложија наместо зградата да стават патарина appeared first on 365.mk.