недела, 29 ноември 2026
Најново

Собранието разреши двајца министри

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Министерот без ресор ангажиран за спроведување на стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите, Аксел Мехмедовски е првиот министер разрешен од Собранието. На негово место по предлог на пратеникот Самка Ибраимовски, лидер на ПЦЕР беше избран Музафер Бајрам.
Вториот министер кој го разреши од должност Собранието е министерот без ресор, Аднан Ќахин. На негово место на предлог од матичната партија, односно Партијата за движење на Турците доаѓа Елвин Хасан, пренесе ТВ “Алсат“.

Поврзани вести