Собранието ќе ја продолжи 98. седница и процедурата за укинувањето на техничката влада

   Во Собранието денеска ќе продолжи 98. седница, на која пратениците ќе расправаат за  предлог-законот за изменување на Законот за Владата на Република Македонија,и повеќе предлог-закони по скратена постапка.

На дневниот ред се и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија, Предлог-законот за изменување на Законот за внатрешната пловидба, како и Предлог-закон за изменување и дополнување на законот за пратениците, сите по скратена постапка.

Пронајдете не на следниве мрежи: