вторник, 24 ноември 2026
Најново

Собраниска делегација, утре и задутре, на 24. Состанок на МПК – РСМ и ЕУ во Стразбур

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Собраниската делегација, утре и задутре ќе учествува на редовниот 24. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и Европска Унија, односно Парламентарен комитет за стабилизација и асоцијација, кој ќе се одржи во Европскиот парламент во Стразбур, Франција.

На состанокот ќе учествуваат Иванка Василевска, шефица на делегацијата, Жаклина Пешевска и Соња Мираковска, заменик-претседателки, членките Арбана Пашоли, Саранда Имери-Стафаи и Славјанка Петровска, како и заменик-членот Љупчо Пренџов.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Состанокот, како што соопшти собраниската прес-служба, ќе го отворат копретседавачите на Мешовитиот парламентарен комитет – пратеничката Иванка Василевска и европратеникот Карло Реслер, а потоа дискусијата ќе продолжи на повеќе теми, како што се: Основни права и слободата на говор; Владеење на правото и борбата против корупцијата; Перспективите на пристапните преговори, добрососедските односи, регионалната соработка и регионална стабилност.

Ученците на отанокот ќе разговараат и за прашања поврзани со животната средина, транспорт, енергија и инфраструктурна поврзаност, вештачка интелигенција и дигитализација.

Во делот на размена на мислења, свои обраќања ќе имаат и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, како и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани.

На вториот ден од состанокот се очекува да бидат усвоени соодветни заклучоци по сите дискутирани теми.

Мешовитиот парламентарен комитет, во чија работа заеднички учествуваат пратеници од Собранието на Република Северна Македонија и пратеници од Европскиот парламент, претставува единствен ваков форум за директен парламентарен дијалог и интензивна соработка. Оваа размена се одвива преку редовни состаноци кои во текот на годината се одржуваат еднаш во Скопје, еднаш во Брисел или Стразбур, во зависност од тоа каде заседава Европскиот парламент.

Поврзани вести