Совети за возачи: Зошто е важно да ги чистите паднатите лисја врз автомобилот?

Лисјата на патот во комбинација со влага создаваат лизгава површина и може да доведат до сообраќајна несреќа, ако не бидете внимателни и ако не ја прилагодите брзината на неповолните услови.
Лисјата исто така можат да предизвикаат оштетување на автомобилот. Лисјата во распаѓање содржат и одредена количина киселини, што може да биде опасно за лесните возила – особено ако лисјата се влажни. Затоа, подолгото присуство на лисја на возилото може да резултира со оштетување.
Ако не ги исчистите лисјата под шофершајбната, ако е влажно, може да ја заглават патеката што носи воздух до филтерот на кабината, со што се намалува снабдувањето со свеж воздух.
Распаднатите лисја исто така може да влезат во каналите, така што возачот и патниците ќе дишат влажен воздух со слаб квалитет.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.