Совети за дружење со нова пријателка

Дали некогаш сте се запрашале зошто некои новонастанати пријателства лесно се развиваат, а други неславно колабираат? Во пријателството постои период на додворување, исто како во романтична врска.
Така вели д-р Анет Енчајлд, автор на книгата “I can tell her nothing”, и предупредува  – избегнувајте ги овие грешки.
Не давајте и прерано статус – најдобра пријателка засекогаш
Можеби вие две сте пар од рајот, но не брзајте во доделувањето на овие титули на вашата нова пријателка. Кажете и  дека тоа е исто како кога му кажувате на момчето, “те сакам” предвреме. “Овие зборови се премногу силни, и ако тоа чувство не е взаемно, ќе ве стави во непријатна позиција”, вели Марла Паул, автор на книгата “The friendship crisis”.
Избегнувајте клонирање нa нејзиниот стил
Давањето на комплименти за нејзиниот страшно добар стил е тотално кул, но да го украдете нејзиниот изглед, и не е некоја фора. Доколку го украдете, дружењето повеќе нема да трае. Наместо да ја копирате, замолете ја да оди со вас на шопинг. “Тоа ќе и поласка, а заедничкиот шопинг е добар начин за да се поврзете,” сугерира Сали Хорчов, ко-автор на “Art of friendship”.
Не претерувајте со споделување на интимноста
Одлично е да зборувате со неа за момчето кое неодамна сте го запознале, но зборувањето во детали за неговата секс уметност се премногу информации за вашата нова пријателка. Откривајќи премногу лични информации – дали се тие сексуални или семејни тајни – не е само несоодветно, туку и досадно. Таа сака да ви биде пријателка, а не психијатар и затоа не ја оптеретувајте, предупредува Енчајлд.
Заборавете го шпионирањето на интернет
Гуглањето на нејзиното име се чини безопасно, но неизбежно ќе оставите некакви информации кои ќе ве разоткријат. Истото важи и за Facebook како и за другите социјални мрежи. 
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Дали некогаш сте се запрашале зошто некои новонастанати пријателства лесно се развиваат, а други неславно колабираат?

Пронајдете не на следниве мрежи: