Совети како да спречите појава на главоболка за време на топлите летни денови

Температурите на северната полутопка во последните недели се многу високи, а кај многу луѓе топлото и сончевата светлина можат да бидат рецепт за главоболка. Германскиот институт за главоболки, интернетската платформа посветена за овозможување на информации околу тој проблем објави 5 совети како да спречите главоболка.

Носете очила за сонце
Силната сончева светлина ги надразнува мозочните нерви. Тоа може да предизвика главоболка, но и да биде причинител за појава на мигрена. Поради тоа се препорачува носење на очила за сонце, а исто така е важно да се носи шешир за да се заштитат крвните садови и нервите на челото.


Вода и солени грицки
Кога се потиме, нашето тело губи голема количина на важни минерали. Се зголемува крвотокот во кожата и се намалува крвниот притисок, предизвикувајќи главоболка кај многу луѓе. Исто така, кога е топло се препорачува внесување на барем еден литар вода. Солената ужинка помогнува да се надоместат потрошените минерали.

Аклиматизирање
Високата температурна разлика помеѓу надворешната средина и онаа од затворените климатизирани простории е потенцијален причинител за главоболка. Ако разликата е поголема од 5 степени се препорачува да се облечете со дополнителен слој на облека за да Ви биде топло сè додека Вашето тело не се прилагоди на пониската температура.

Помалку парфеми и лосиони
Парфемите подобро се чувствуваат кога е топло, така што луѓето кои страдаат од мигрена ќе бидат дополнително осетливи на тоа. Имајте го тоа на памет и одберете лосион без мирис.

Побавно пијте ги ладните пијалаци
Нешто многу студено во Вашата уста може да биде заслужно за така нареченото brain freeze. Така што поладната храна и пијалаци треба да се консумираат побавно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.