Совети од една тврдоглава личност до нејзините пријатели

Не знаеме од каде доаѓа тврдоглавоста, но знаеме дека ја сакате. Многу често се случува другите да се обидат да ви дадат совет или да ве разубедат во нешто, но вие само си продолжувате по свое.
Ова се мислите кои им минуваат низ глава на тврдоглавите луѓе, кога другите се обидуваат да им понудат совет.
Можеш да ми даваш совети, но нема да ги прифатам.
Ако не сум побарал/а совет, убеден/а сум во тоа што го правам и по цена да згрешам, не сакам да слуша совети. Доколку ти побарам совет, можеш да ми помогнеш, но не го прави тоа ако не побарам ништо од тебе.
Никогаш не слушам никого освен себе
Без оглед на тоа дали е добро или не, јас го правам тоа. Кога си многу тврдоглава личност, немаш многу опции. Се слушаш себеси и понекогаш делуваш себично, но се однесуваш како што се чувствуваш.


Твојот совет не е тоа што сакам да го слушнам
Кога си тврдоглава личност, ги прифаќаш само оние совети кои ти одговараат, односно кои се такви какви што сакаш да ги слушнеш.
Не сакам да слушнам дека се ќе биде во ред и не сакам да го слушнам тоа што веќе го знам
Знам дека се ќе биде во ред, но сега ништо не е и не ми значи ништо ако мислам дека некогаш таму во иднина ме очекуваат подобри нешта (можеби). Само биди на моја страна. Не барам ништо повеќе од тоа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.