Советник пратен од Меркел “ќе и држи“ часови по економија на Владата

Советникот кој во земјава е испратен директно од Ангела Меркел ќе има задача да и помогне на Македонија во економските реформи. Валтер Дефа е професионалец кој долги години е дел од Европската Унија и знае како дише Брисел. Тој ќе треба да ѝ помогне на македонската Влада во обезбедувањето подобар пристап до европските фондови и во спроведувањето на економските политики.
“Идниот советник кој ќе биде во мојот кабинет ќе биде предочен директно од Германија, посебно од економската заедница. Тој најмногу ќе биде посветен на дуалната едукација, односно подготовката на квалификувана работна сила“, укажа премиерот Заев посочувајќи дека бизнис-заедница е свесна дека тоа е добредојдено и дека оваа помош нема да се однесува само на германските компании, заради тоа што подготовката ќе оди на целиот кадар и ќе биде сериозно олеснување и можност за домашното стопанство“, наведе премиерот при најавувањето дека Германија ќе испрати двајца советници за Владата на Заев.
Задача на Дефа ќе биде и олеснување на контакти со германски фирми кои би можеле да инвестираат во Македонија, како и поедноставен пристап на македонските компании на германскиот пазар. Во јуни од Германија треба да стигне уште еден советник.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.