Седница на Советот за безбедност на ОН ќе се одржи денес на барање на Русија и Србија. Седницата е посветена на формирањето на косовската Војска, а свое обраќање ќе имаат претседателите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи.
Во саботата Вучиќ изјави дека ќе присуствива на седницата на Советот за бебзедност „за да ја каже вистината за тоа колку труд и енергија вложила Србија за да биде постигнат компромис, а колку другите не го сакале тоа“.
– Ќе се обидам да кажам дека го прифативме Бриселскиот договор, како тежок договор и се изнесовме на наш грб, затоа што знаевме дека на Србија и е потребен мир, нагласи Вучиќ, додавајќи дека на Србија не и требаат нови судири и војни.
Тој исто така дополни дека Србија ги исполнила сите „тешки услови“ од Договрот од Брсиел, а Приштина, според него, ниту еден.
Со својата вистина на седницата оди и Тачи. Како што најави синоќа на седницата на Советот за безбедност на ОН „ќе ја каже вистината“ дека трансформацијата на Косовските безбедносни сили во Восјка не е причина на страв, туку за прослава, бидејќи „ја потврдува посветеноста на Косово на мултиетничките институции. Според него, Приштина сега треба да се насочи кон обезбедување членство на Косово во ОН.