Советот на Европа со осуда за нападот врз Данела Арсовска

Претседател на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа Марк Кулс го осуди вчерашниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска при извршување на нејзината службена должност

Претседател на Конгресот Марк Кулс: „Остро го осудувам денешниот насилен напад врз градоначалничката на Град Скопје и шеф на делегацијата на Северна Македонија на #CoECongress, Данела Арсовска. Насилството, особено врз избраните политичари, е неприфатливо.“ „Ќе продолжиме да се бориме против насилството врз жените во политиката.“

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вчера беше физички нападната при извршување на работни задачи во Чаир. Кон неа биле упатени и вербални закани од повеќе лица, а Арсовска била примена во Ургентен центар во ГОБ „8 Септември“ видно вознемирена и со контузии од удирање со клоци и тупаници. Прегледана е од специјалисти.

Од Кабинетот на Арсовска изјавија дека била нападната од 30 луѓе додека била на увид на дивоградба на Бит Пазар спроти Полициската станица „Чаир“. Вработени од Град Скопје кои биле со неа на увидот велат дека најстрашно е што нападот се случил пред полициската станица, а станува збор за дивоградба која неколкупати е пријавувана кај надлежните институции.

Пронајдете не на следниве мрежи: