Совршени доколку сте на диета – интегрални грицки

Здрави и вкусни, а брзи и лесни за правење. Може да ги направите во форми по желба, а супер се за грицкање или ужинка. Пробајте го рецептот на Мартина Трајаноска за интегрални грицки.
Потребни состојки:
1 шолја вино/пиво
1 шолја масло
1 печиво
1 шолја бело брашно
2 шолји интегрално брашно
2 лажички сол
100 г сусам
100 г ленено семе
100 г сончоглед
100 г семки тиква


Начин на подготовка:
Измешајте ги сите течни состојки, додадете ги семињата и постепено додавајте брашно. Тестото треба да е средно меко и мрсно. Поделете на неколку дела како ви одговара и исукајте кора од секој дел. Сечете или вадете форми со модли, редете ги на хартија за печење на плех и печете ги во загреана рерна на 220 С околу 10-15 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.