Совршено лице на був: Со дрон случајно снимил „мистериозен” феномен на снег

Снимката која се појави на интернет покажува дека Британецот Крис Бароу (59), со дрон „фатил“ феномен, кој инаку е карактеристичен за житните полиња и повеќето филмови со вонземјани.
Бароу снимил дел од полето на кое било нацртано лицето на був.


Совршено симетричната слика создадена е од математички прецизни форми нацртани на снег.
Заедно со птицата, може да се забележат траги од ситни стапала што водат понатаму од „цртежот”. Снимката е направена во саботата западно од Лондон.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.