Глобалниот светски бренд, „In The Style“, внеле големи промени во своето работење.
Тие одлучиле повеќе да не ги корегираат на било кој начин фотографиите од своите модели. Без разлика дали станува збор за манекенки или обични жени кои носат нивни модели на облека, сето тоа ќе биде прикажано во вистинско светло.
Компанијата собрала различни типови на жени: оние со подебела градба, потоа жени кои се борат со акни, па дури и еден од моделите е жена која преживеала напад со киселина.
„Брендот и понатаму ќе користи мали трикови со кои располага понежниот пол, шминка и лак за коса, поради правење на фотографиите, но нивните недостатоци повеќе нема да бидат покриени со фотошоп, за да ви продадеме нешто што не е реално“, истакнале од модната куќа.
„Свесни сме колку лошо влијание на жените ширум светот имаат фотографиите на кои се прикажуваат совршени жени. Мислиме дека по ова треба да се водат сите продавачи, а сигурни сме дека на овој начин ќе ја зголемиме продажбата“, додале тие.
„Време е да станеме реални и да сфатиме дека сите се убави на свој начин“, заклучиле од модната куќа.