Правењето на домашен чипс од компири е едноставно, а подготовката не трае долго. Со вкусот може да експериментирате и да додавате зачини или да го менувате изгледот на компирот, пишува AllRecipes.
Потребни состојки:
-4 средни компири, излупени и тенко исечени
-3 лажички сол
-1 литар масло за длабоко пржење
Начин на подготовка:
Додека го сечете компирот, парчињата ставете ги во голем сад со студена вода.
Исцедете и измијте, а потоа садот наполнете го со вода и додадете сол. Оставете компирот да стои во солена вода најмалку половина час. Потоа исцедете, добро измијте и повторно исцедете.
Компирот пржете го во загреана тава, а кога ќе почне да добива златна боја, извадете ги и исцедете ги компирите од маслото.
По желба зачинете со зачини по ваш вкус.