вторник, 24 ноември 2026
Најново

Сода бикарбона – домашен дезодоранс без штетни хемикалии

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Разните дезодоранси кои ги купуваме од козметичките салони за да го неутрализираме мирисот на потта, најчесто се полни со хемикалии кои штетно влијаат на кожата и потните жлезди.
Содата бикарбона претставува одлична алтернатива на индустриски произведените дезедоранси, па делотворно ги отклонува сите непријатни мириси. Едноставно помешајте пола лажичка сода бикарбона со малку вода и веднаш нанесете под раката. Ако сакате да го запрете потењето, помешајте пченкарен скроб и сода во размер 6:1 и нанесете на саканото место.


Дезодорансите иако нудат заштита од 24-часа, природни состојки и нега, сепак, тие се оние кои ви ги затвораат порите и го спречуваат природниот процес на исфрлање штетни материи преку потта.
За вистински да го неутрализирате мирисот, а потта да функционира нормално, потребно е сите состојки да бидат природни и да бидете сигурни дека нема да ви предизвикаат алергии или посериозни болести. Затоа, најдобро решение е сода бикарбона.

Поврзани вести