Сок од компир- чудесен лек за тешки болести

Благотворните својства на компирот одамна се познати во медицината, но и покрај тоа преовладува мислењето дека компирот не смее да се конзумира сиров. Тоа е заблуда затоа што „жив“ компирот е многу здрава и повеќекратна корисна намирница.
Лушпата на здрав и органски одгледан компир не содржи никакви отрови штетни по здравјето. Опасно е да се јаде недозреан компир со зелена или со наместа зелена лушпа и зелени делови.
За лековитоста на сокот од компир зборуваат многу експерти кои сметаат дека тој е природно средство за лекување на гастритис, една од најстрашните болести на денешницата. Се препорачува да се зема по една лажица сок од компир разреден со малку вода, половина час пред појадокот, ручекот и вечерата.


Кај луѓе со чир на желудник се советува секојдневно да пијат половина децилитар сок од компир на празен стомак и потоа по половина децилитар половина час пред ручекот и вечерата.
Сокот од компир го намалува шеќерот во крвта, а помага и во лекување на болести на белите дробови дури и кај потешки болести како емфизема.
Ефикасноста на компирот за сузбивање на ракот постојано се докажува и во научните истражувања. Професорот Кагамин од медицинскиот факултет во Акита, Јапонија, успеал од сиров компир да издвои супстанција која се покажала ефикасна во спречувањето на растот на туморските келии кај лабораториски глувци. Резултатите ги објавил на меѓународен конгрес на Лигата за борба против ракот одржан во Германија.
Во последно време компирот се повеќе добива на важност како ефикасно средство во борбата против болести на црниот дроб и бубрезите, но и кај срцевите заболувања, висок притисок, дијабетес, ламбаго, ревматски болести… Независно од позитивните влијанија во третманот кај тешките болести, пиењето сок од сиров компир е одлично средство за зајакнување на имунитетот. Помага и кај честите главоболки и менструални болки.
Ако се чувствувате слабо или исцрпено наутро и навечер испијте сок направен од еден компир со средна големина, еден морков и јаболко и во рок од две недели повторно ќе бидете во форма.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.