Сок од три состојки – вашиот сојузник против вирусите и гриповите

Во овој период од годината, кога времето е променливо, темпото на живот брзо, стресот сеприсутен, имунитетот е прв на удар.
Токму затоа, во продолжение ќе ви презентираме сок од три состојки кој ќе ви помогне во борбата против вирусите и гриповите.
Се работи за тоник од ѓумбир, куркума и портокал, богат со витамин Ц, антиоксиданси, со кој ќе ги уништите вирусите, а ќе имате и повеќе енергија.
Исто така, кога имате главоболка или нервоза во желудникот, наместо апче, напијте се една чаша од овој сок.


Ако на овие три состојки го додадете и медот манука, кој има посилно антибактериско дејство од другите видови мед, ќе добиете природен антибиотик. Секако, доколку немате дома манука, тогаш искористете било кој мед. Се верува дека колку што е медот потемен, толку има посилни антибактериски и антиоксидантни својства.
А еве и како да го направите сокот:
– 1/2 филџан сок од цеден портокал
– изрендани парчиња ѓумбир (околу и сантиметар)
– прстофат куркума
– 2 лажици мед манука
Сите состојки ставете ги во бокалче и добро промешајте. Ете толку е едноставно.
Една до две чаши дневно е сосема доволно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.