СОЛЕНА ОБЛАНДА – Совршено предјадење без печење, колку и да направам – сè се изедува за 5 минути

Ова е едно брзо предјадење кое се приготвува со состојки кои ги имате во кујната. Дури и да ги немате наведените состојки – секогаш можете да импровизирате со она што го имате и пак ќе добиете едно многу вкусно и декоративно предјадење.




Обландата убаво си омекнува од филот и дури не се чувствува при јадење, просто секој залак се топи во уста. Овој рецепт топло го препорачувам зашто е лесен и едноставен, а притоа многу вкусен и декоративен. Може да сечете ромбови, триаголници, коцки или квадари, секако први ќе се изедат од трпезата. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 големо пакување обланда, 400 г крем сирење, 200 г ситно сирење, 150 г мајонез, 2 чаши кисела павлака (360 г), 400 г кашкавал (во листови-тост кашкавал, 4 пакувања), 400 г шунка исечена на тенки листови, 50 г сусам за декорација




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад истурете ги двете чаши кисела павлака, 400 г крем сирење и 200 г ситно меко сирење. Промешајте и изедначете ја смесата. Потоа додајте 150 г мајонез и повторно промешајте за да се инкорпорира во мешавината од сирење.




Јас не ја солам мешавината, но вие по вкус можете да додадете сол ако сакате. Филот е спремен и може да преминете на редење на обландата. Врз првиот лист на страната со крупни коцки ставете 3-4 лажици фил, распоредете рамномерно и израмнете.




Потоа преку целата површина наредете тенко исечена шунка (на листови, најдобро „прашка или друга со правоаголна форма). Одозгора премачкјате во тенок слој со филот, доволни се две лажици, за да може следниот лист обланда да се залепи.




Ставете го вториот лист обланда, притиснете, па повторно премачкјате го со 3-4 лажици фил преку целата површина. Следно нанесете тенки листови кашкавал, а најдобри се они пакувани по 100 г за тост).





Одозгора повторно премачкјате со две лажици фил во тенок слој, па ставете го третиот лист обланда и повторете ја постапката додека да го потрошите материјалот. Последната, 6. обланда премачкјате ја со преостанатиот фил (и страните), наросете сусам, па изладете и сечете. Деталите погледнете ги ОВДЕ.

Пронајдете не на следниве мрежи: