Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
Од 12.09.2018 во наредните 10 дена ЈП Македонија пат ќе изведува градежни работи (машинско асфалтирање,надоградба на постоечката подлога на коловозот) на регионалениот пат Р-1206 од с.Сарај до клучката кај с. Бојане. На местото на изведување на градежните работи ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација како и физичко обезбедување со знаменца, а сообраќајот ќе се одвива наизменично во двата правци.


РАБОТИ НА ПАТ: Конструксионе Рубау А.Д. Гирона Шпанија известува дека е изведувач на експресниот пат Прилеп – Градско, делница Фариш – Дреново. Согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај:
– На 13.09.2018 градежните работи ќе започнат во 07:00 часот, а прекини во сообраќајот ќе има од 09:00 – 11:45 часот. Прекините ќе започнат во 09:00 и 11:00 и ќе траат околу 30 – 45 минути. После 11:45 часот на 13.09, сообраќајот ќе се нормализира.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.