Солун во молк за Кочани

Граѓаните на Солун организираат собир на молк како израз на сочувство за трагедијата во Кочани во која животот го загубија 59 лица.
Како еден од градовите кои покажа солидарност и прифати на лекување дел од настраданите во трагичниот пожар, велат организаторите на собирот, „ве покануваме да го изразиме нашето најдлабоко сочувство за загубените животи, на повредените и на нивните семејствата“.
„Да се собиреме во момент на тишина и да ја покажеме нашата поддршка“, се вели во повикот за собирот кој ќе се одржи утре, во 12.00 часот на пладне, на плоштадот Аристотел.
The post Солун во молк за Кочани appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: