„Солун е со Кочани“: Собир во Грција во спомен за настраданите во ужасниот пожар

На плоштадот „Аристотел“ во Солун се одржа собир во знак на сеќавање на 59-те жртви од ужасната трагедија во Кочани. Собирот е во организација на студенти од Македонија кои студираат во овој грчки град.

Дел од младите со транспаренти во рацете, на кои беа испишани имињата на 59-те загинати, излегоа на мирен протест и молк, но, како што велат, со цел да биде гласен, за да го одржат жив споменот на 59-те жртви, но и да се побара правда и да се казнат виновниците.

Дополнително, во спомен на загинатите, носеа и црни балони.

Собирот во Солун за жртвите во Кочани, го пренесоа и дел од грчките медиуми, пред сè солунските информативни портали, но и државната телевизија ЕРТ.

Обвинителството во земјава веќе отвори истрага против 34 физички и три правни лица под сомнение дека сториле тешки дела за општата сигурност. Истрага ќе се води и за примање и давање поткуп. Надлежните најавуваат брза, ефикасна и праведна истрага.

Пронајдете не на следниве мрежи: