Сомнеж за бомба на паркинг во центарот на Белград

Вчера утрото припадник на обезбедување во трговски центар во центарот на Белград, јавил во полиција дека се сомнева дека на паркингот има поставено бомба. На посоченото место веднаш била испратена специјална единица за деактивирање експлозивни направи, но српското Министерство за внатрешни работи не соопшти повеќе детали.
Припадникот на обезбедувањето пријавил дека слушнал чудни отчукувања под паркиран автомобил, соопштија локалните медиуми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.