Сомнителна фирма со руски капитал се обидела да влезе на тендер за набавка на специфична опрема во Министерството за одбрана, посочија од Министерството на денешниот брифинг со новинарите каде присутна беше министерката за одбрана Славјанка Петровска.
Беше посочено дека фирмата е регистрирана во земја членка на ЕУ за да се прикаже како релевантна на пазарот, меѓутоа во постапката уште пред да биде направена безбедносната проверка, македонските разузнавачки служби алармирале дека станува збор за сомнителна руска фирма.
- ТЕЛОТО ПРОНАЈДЕНО ВО БЛИЗИНА НА НЕЈЗИНИОТ ДОМ: Уапсен 45-годишнен маж за убиството на Наташа СоврановскиТелото на мртвата 25-годишна девојка е пронајдено во шума во близина… Read more: ТЕЛОТО ПРОНАЈДЕНО ВО БЛИЗИНА НА НЕЈЗИНИОТ ДОМ: Уапсен 45-годишнен маж за убиството на Наташа Соврановски
- Максим Димитриевски се сретна со амбасадорот на Русија, договaраат рускиот да се изучува во кумановските училиштаГрадоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и актуелен лидер на ЗНАМ, денеска… Read more: Максим Димитриевски се сретна со амбасадорот на Русија, договaраат рускиот да се изучува во кумановските училишта
- На 1 октомври нема летови од аеродромот во БриселНа 1 октомври нема да има летови од аеродромот во Брисел,… Read more: На 1 октомври нема летови од аеродромот во Брисел
- Србија/Анкета: Граѓаните со најголема доверба во претседателот, најмала во КатастаротСпоред најновото истражување на агенцијата Фактор плус, граѓаните најмногу и веруваат… Read more: Србија/Анкета: Граѓаните со најголема доверба во претседателот, најмала во Катастарот
- Кривична за четри лица кои извршиле узурпација во Националениот парк „Галичица“СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.П.(57), Р.П.(35), И.П(34) и А.П.(31),… Read more: Кривична за четри лица кои извршиле узурпација во Националениот парк „Галичица“
– Тоа беше индикативно, затоа што првата фаза која помина, понудата на оваа фирма беше од прилика скоро иста со останатите две фирми, значи не се разликуваше многу, може за некои стотина илјади евра, меѓутоа во втората фаза спуштија неверојатно ниско, скоро 50 отсто поевтина сума и тоа ни го потрврди сомнежот дека по секоја цена сакаат да го земат, посочи Петровска.
Според Кривичниот законик, Петровска вели нема основ за кривично дело, но заштитата на безбедноста на државата треба да се крене на повисоко ниво.
– Правиме некои анализи веројатно ќе треба Законот за јавни набавки да се промени, затоа што во општиот закон, освен за законот од областа на одбраната и безбедноста, се вели дека најниската цена добива. Ние не можеме да си го дозволиме тоа, дури кога набавуваме и храна за Армијата не можеме да си дозволиме најниска цена, затоа што треба да внимаваме на квалитетот, бидејќи ние набавуваме буквално сѐ, вели Петровска.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.