„Сонував да дадам гол на „Паркот на принцовите“, малку е чудно и затоа не славев!“

Во август 2020 година, францускиот репрезентативец Кингсли Коман го реши ПСЖ за на Баерн Минхен да му ја донесе шестата европска круна (1-0), па неполни три години на „Паркот на принцовите“ синоќа со нов гол го турна парискиот гигант на раб на елиминација, повторно за минималев на Баварците против „светците“.

За Коман ова беше 50-ти настап во Лигата на шампионите, а дојде до 39 победа, но најважното е што само на еден клуб успеал да му даде два гола – неговиот ПСЖ. Родениот парижанец кој фудбал почна да учи во ПСЖ и подоцна замина во Баерн, со голот на кој кумуваше и Џиџо Донарума ја донесе победата.

Успеа да оствари еден сон, ама на погодокот од почит кон родниот град, неговиот клуб и навивачите – не прослави. Исто како и пред три години во августовското лисабонско финале.

Пронајдете не на следниве мрежи: