Сончево време во следниов период, само во сабота ќе биде облачно

Времето ќе биде претежно сончево, попладне облачноста делумно ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер oд северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до три степени, а дневната температура од 13 до 20 степени.
Во Скопје ќе биде сончево, попладне облачноста делумно ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер oд северозападен правец.


Утринската температура ќе достигне до минус еден, а дневната температура до 17 степени.
Следува период на стабилно и потопло време, освен во сабота кога ќе има зголемена облачност, засилен ветер и услови за слаб локален дожд.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.