Сончево време со услови за дожд во попладневните часови

Денеска нѐ очекува сончево време со мала до умерена облачност, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Попладне облачноста ќе се зголеми, а во западните делови ќе има појава на локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.


Утринската температура ќе се движи од 9 до 17, а дневната од 22 до 31 степен.
Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе се движи до 28 степени.
И во следните денови продолжува променливото и посвежо време.
Од УХМР најавуваат дека најоблачно и најсвежо со повремен дожд ќе биде во вторник, кога во западните и јужните делови од земјава ќе има и пообилни врнежи од дожд, проследени со грмежи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.