Сончево време со мала до умерена локална облачност ќе преовладува денеска во земјава. Синоптичарите најавуваат слаб до умерен ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе се движи од 8 до 16, а дневната од 27 до 34 степени.
Во Скопје слично време со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 21 степен.
За четврток попладне и во петок се најавува променливо облачно време со локален пороен дожд и грмежи, особено во јужните делови од државата. Во петок ќе дува засилен северен ветер.
Од сабота и во наредните денови ќе преовладува стабилно време, а температурите ќе бидат во опаѓање.