Сончево и многу топло, од утре постепен пад на температурите

Претежно сончево и многу топло време со слаб ветер од променлив правец ќе преовладува денеска во земјава. Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 33 до 39 степени. УВ-индексот ќе биде висок и ќе изнесува 9.
Во Скопје слично време со утринската температура до 17 и дневна до 37 степени.
Од утре синоптичарите најавуваат постепен пад на температурите. Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, но и со локална нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.