Времето ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Претпладне ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, информира Управата за хидрометеролошки работи.
Утринската температура ќе се движи од 1 до 10 степени, а дневната од 13 до 21 степен.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и потопло. Утринската температура ќе достигне до 4 степени, а дневната до 20 степени.
Од УХМР информираат дека следува период на потопло време, со значително затоплување од средината на следната седмица, а во почетокот на седмицата ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд.
Во понеделник температурите ќе се движат од 17 до 24, вторник од 17 до 23 степени, среда од 19 до 25, четврток од 21 до 28 и петок од 23 до 29 степени.