Сончево и топло време, температури до 33 степени

Времето во земјава ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и засилен ветер претежно од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од 8 до 15, а дневната од 28 до 33 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје, сончево и топло со мала облачност и со умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 32 степена.
Под влијание на многу топла воздушна маса во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со максимални температури кои се над просекот за овој период од годината и ќе бидат во интервал од 27 до 34 степени. Во следните два дена ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.