Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринските температури ќе се движат од пет до 15 степени, а максималните дневни ќе достигнат 26 степени.
Во Скопје слично време со максимална дневна температура до 26 степени.
Во среда времето ќе биде променливо облачно, а од пладневните часови со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер кој краткотрајно ќе засилува.