Времето денеска ќе биде сончево со слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе бид во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ индекост ќе биде 9. Во Скопје, сончево со слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 31 степен.
До петок времето ќе биде стабилно, а за време на викендот локално ќе има појава на зголемена облачност со услови за краткотраен дожд. Од недела ќе започне да дува засилен северен ветер што ќе предизвика повторно опаѓање на температурите.