Сончево и топло со мала локална облачност и температура до 28 степени

Времето во земјава денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, и со слаб ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од 4 до 13, а дневната од 22 до 28 степени Целзиусови.
И во Скопје и околината, сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 27 степени. Во Маврово 21, Охрид 22, Битола 25, Кавадарци 27, Крива Паланка 24, Берово 23, Дојран 28 степени.
Периодот на претежно сончево и топло време продолжува. По одделни котлини ќе има услови за слаба утринска магла.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.