Сончево и топло со слаб ветер

Денес времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен и северозападен превец, а УВ индексот ќе изнесува 9. Дневните температури ќе се движат од 28 до 37 степени Целзиусови.
И во Скопје и околината ќе биде сончево и топло со мала локална облачност и дневна температура до 34 степени. Во Маврово се очекува температура од 28, Охрид 30, Битола 33, Кавадарци 36, Берово 30, Крива Паланка 31, Дојран 37 степени.
Претежно сончево и многу топло време ќе се задржи до вторник. Во понеделник и вторник ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Во среда на повеќе места ќе биде нестабилно и ќе дува засилен северозападен ветер, што ќе придонесе да има опаѓање на температурата од 7 до 9 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.