Сончево и топло, со умерена облачност и температура до 37 степени

Денес во земјава времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе се движи помеѓу 9 и 17, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени Целзиусови.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Минимална температура ќе биде 15, а максималната ќе достгне до 35 степени.
Од понеделник ќе преовладува сончево време со умерена облачност, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, особено во западните делови. Дневните температури ќе бележат постепено опаѓање.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.