Сончево и топло со умерена облачност

Времето во државава денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи, особено во јужните делови на земјава.
Утринската температура ќе се движи од 4 до 13, а дневната од 24 до 30 степени Целзиусови.
И во Скопје и околината, сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 27 степени.
Периодот на топло време со натпросечни дневни температури за овој период од годината продолжува и вонаредните денови. Во петок и сабота на места ќе има зголемена облачност, и услови за слаб локален дожд.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.