Сончево и топло со умерен ветер, од вторник заладување

Во Македонија времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Дневните температури ќе се движат во интервал од 14 степени во Маврово, 17 во Берово, 18 во Охрид и Крива Паланка, Скопје 21 и Кавадарци со 21, и во Дојран 23 степени Целзиусови.
И утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот од запад облачноста ќе се зголемува. Температурите ќе се движат од Маврово 15, Берово 17, Охрид 18, Крива Паланка 20 и Битола 20, во Скопје и  Кавадарци 22,  и Дојран 23 степени.
Од вторник се очекува промена на временската состојба. Ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Дневните температури ќе бидат пониска за 5 до 8 степени во однос на овие кои ги имавме деновиве и ќе се движат во интервал од 7 до 18 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.