Денес во земјава времето ќе биде претежно сончево со умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од 10 до 19 , а дневната од 20 до 33 степени Целзиусови. УВ индексот ќе биде многу висок и ќе изнесува 9.
И во Скопје и околината ќе биде сончево со умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе достигне до 16 степени, а дневната до 33 степени.
Од понеделник под влијание на топол бран следува период на сончево и многу топло време кога дневната температура насекаде ќе биде над 30-от степен.
Пронајдете не на следниве мрежи: