Сончево со источен ветер, температурата до 22 степени

Денес времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има магла. Ќе дува слаб, претежно источен ветер, а дневната температура ќе се движи од 17 до 22 степени.
Во Скопје сончево со слаба магла и температура до 19 степени.
До крајот на неделата ќе се задржи стабилно и суво време со студени утра. Од среда ќе почне да дува северен ветер што ќе придонесе за расчистување на воздухот по котлините и ќе услови опаѓање на дневната температура.

Пронајдете не на следниве мрежи: