Сончево со мала до умерена облачност, по котлините магла

Во текот на ноќта и изутринава времето во Македонија беше малку до умерено облачно со слаб југоисточен ветер. Во некои котлини е облачно и има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини маглата ќе се задржи, а се очекува и  умерена облачност.
Во Скопје претпладне облачно со појава на магла. Во текот на денот облачноста ќе се намалува, а  температурата ќе се искачи до третиот степен.
Во текот на утрешното претпладне ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег, а наместа ќе има услови за замрзнат дожд. Во текот на викендот следува период на стабилно и суво време со повисоки температури. Во одредени котлини останува можноста за појава на магла.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.