Сончево со мала облачност и ветер, од петок дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во повисоките места повремено засилен ветер претежно од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од минус два до шест степени, а максималната од 13 до 21 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до три, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Од УХМР информираат дека ќе се задржи стабилно и релативно топло време, а од петок следува период на променливо облачно време со повремен локален дожд со променлив интензитет. На места врнежите ќе бидат проследени со појава на грмежи. В недела се очекува опаѓање на дневните температури.
Минималните температури ќе се движат од минус еден до осум степени, а максималните од 14 до 23 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.