Сончево со мала облачност и со северен ветер


Во Скопје ќе биде сончево со умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата ќе биде од минус еден степен наутро, до 13 Целзиусови степени во текот на денот

Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец, се вели во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската темепратура ќе биде од минус 5 до 5 степени, а дневната од 5 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје, според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде сончево со умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата ќе биде од минус еден степен наутро, до 13 Целзиусови степени во текот на денот.

За утре, синоптичарите најавуваат дека ќе има студено утро, а во текот на денот дека ќе биде сончево со слаб ветер од северен правец. Во Скопје, и утре, ќе има сончево време со слаб северен ветер. Дневната температура утре ќе се искачи до 16 Целзиусови степени.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: