Сончево со мала облачност, попладне дожд и грмежи

Времето ќе биде променливо облачно, претпладне понекаде со локален дожд, а попладне на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. УВ=8
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 27 степени.
До четврток, претежно во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.