Сончево со северен ветер

Низ Македонија времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува. Во текот на денот ќе дува повремено засилен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од -7 до 0, а дневната од 4 до 12 степени.
И во Скопје временските услови ќе бидат слични, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува.
Утринската температура ќе се спушти до -5, а дневната ќе достигне до 6 степени.
Стабилно и суво време ќе имаме и утре со услови за појава на магла по одделни котлини. Кон крајот на денот, во текот на ноќта и во понеделник претпладне ќе има локални врнежи од дожд и снег на пониските, а снег на повисоките места и на планините. За време на новогодишната ноќ ќе дува северен ветер и ќе има слаби локални врнежи од снег.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.